Свет
11. January 2021 - 20:24

Германија вложува 200 милиони евра во нови ковид лаборатории

Германија планира да отвори лаборатории во кои генетски ќе се истражуваат примероци од Ковид-19, за да се утврди дали се поклопуваат со новиот, позаразен вид коронавирус, што се шири во Велика Британија и во Јужна Африка.

Германската Владата ќе обезбеди 200 милиони евра за таквите лаборатории.

Многу е важно во краток рој да утврдиме кои мутации носат одредени ризици. Мораме веднаш да ги забележиме видовите што лесно се пренесуваат. Новите видови на Ковид-19 можат да ја направат болеста поопасна и коронавирусот да стане поотпоренн на вакцината.

Германија досега беше помалку активна во испитувањето на генетското секвенцирање во однос на Велика Британија, Данска и Финска.