Германија со рекордна бројка на население
Германската Федерална агенција за статистика денеска објави дека бројот на вкупното население во земјата ја достигнал рекордната бројка од 82,8 милиони луѓе или 600 илјади повеќе од почетокот на минатата година, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Рекордната бројка на жители Германија, која се соочува со низок наталитет и каде смртноста од 1972 година е постојано поголема од бројот на новородени деца е достигнатата благодарение на мигрантите кои што само во последниве двегодини го зголемија вкупниот број на населението.
Само од баратели на азил Германија има околу 1,3 милиони луѓе, а на овој број треба да се додадат и економските мигранти, кои што во земјата пристигнуваат по работа..
Најголем дел од новите жители на Германија се од Сирија, Ирак и Авганистан но во земјата економски лидер на ЕУ последниве години има и голем број нови жители од Грција, Шпанија и балканските земји пред се Косово и Албанија. г
Ново на Сител
-
Европските лидери донесоа 4 заклучоци/услови за мир во Украина
-
Тема на денот со деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна, Миле Маркоски
-
Европските лидери во Лондон бараат решение за крај на војната во Украина
-
Анализа: Ќе излезе ли Европа единствена по Лондонскиот самит за Украина?
-
Владата нема да ги плаќа придонесите за минималецот
-
Трибина: Како станавме увозно зависни за храна?
-
По 23 пат во Прилеп „Карневал Прочка“
-
Наместо месечно или парцијално државата годишно ќе го набавува лекот Tрикафта за Цистична фиброза