-->
-->
Германија со предупредување за своите граѓани во Турција
-->
Германија ги предупреди своите граѓани да избегнуваат туристички локации во Истанбул по експлозијата во која утрово загинаа најмалку 10 луѓе и 15 се повредени.
Германското Министерство за надворешни работи на својата интернет-страница предупредува дека се очекуваат насилни судири и терористички напади се очекуваат ширум Турција.
Министесртвото исто така предупредува патници да се воздржат од учество во демонстрации и собири посебно во големите градови.
Во момент на екслозијата група германски туристи се наоѓале во таа зона, но засега не се знае дали некој е повреден.
Турскиот премир Ахмет Давутоглу денеска свика итен безбедносен состанок со клучните министерства и официјлани лица по експлозијата за која се сомневаат дека е терористички напад.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Анчелоти може да добие отказ ако Реал Мадрид не се пласира во осминафиналето од ЛШ
-
Поради магла намалена видливост до 100 метри во Кочани, Страцин, Битола и Плетвар
-
Нетанјаху: Израел нема да го спроведе примирјето во Газа додека не добие список од 33 заложници
-
Извршени претреси во Скопје, уапсени дилери на дрога и оружје
-
И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете - измамена 76-годишна скопјанка за 130 илјади денари
-
Полициски службеник земал 50 евра поткуп, пронајдени пари и документација
-
Уапсен Раде Трајковски-Штекли
-
Синер без проблеми до четвртото коло на Австралија Опен