Германија со повик до граѓаните да не патуваат во делови од Шпанија
Министерството за надворешни работи на Германија ги повика граѓаните да ги одложат туристичките патувања кон Каталонија, Навара и Арагон на северот на Шпанија, затоа што расте загриженоста дека патувањата би можеле да донесат уште еден бран на инфекција со Ковид-19.
Трите шпански региони на списокот на локации со висок ризик, што значи дека луѓето кои се враќаат во Германија ќе бидат во карантин 14 дена или со негативен тест за коронавирусот.
Германија денеска пријави 870 потврдени случаи на заразени со новиот коронавирус, најголемо дневно зголемување од средината на мај.
Од следната недела, Германија планира да воведе задолжителни тестови за коронавирус на аеродромите за сите повратници кои се враќаат од области со висок ризик за да го забават ширењето на инфекциите.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Нема никакви основи Артан Груби да добие политички азил
-
Мисајловски најавува нови вработувања и модернизација на армијата следната година
-
Преглед на вестите од светот
-
Ахмети: Од Законот за јазици не смее да се смени ниту точка ниту запирка, ќе биде пружен „невиден отпор“
-
Тема на денот со Нуман Куртулуш, претседател на националното Собрание на Турција
-
Поскапува животот во Македонија, граѓаните велат новогодишната кошница е игра и замајување
-
Уставен ќе добие мислење од Венецијанска за Закон за јазици - Одлуката најдоцна до мај
-
Бизнисот го чека унгарскиот кредит, банките условите