Германија: Приведен изнудувачот кој бара пари од супермаркети да не ја затруе храната
- Германската полиција го приведе изнудувачот кој бара пари од супермаркетите за да не ги затруе прехранбени производи во продавниците.
Мажот бил уапсен вчера од страна на полицијата во Офтеринген, во близина на југозападниот дел на Тубинген, по дојава од граѓаните.
Полицијата го бараше лицето кое испрати писма до компаниите и полицијата, во кои се закани дека ќе затруе прехранбени производи во Германија и во странство доколку не му се исплатат 10 милиони евра.
Беше баран маж, снимен од камерите како става храна на полиците во еден супермаркет во Фридрихсхафен. Таму подоцна беа пронајдени пет отровни тегли со храна за бебиња.
Обвинител од блискиот град Констанц изјави дека, осомничениот се заканувал дека ќе затруе 20 различни видови на храна и посочил конкретни компании од Германија и од странство.
Ново на Сител
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор
-
ДУИ чека преговори за Влада - Џафери одбива да говори за опозиција
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот Беласица: 37 годишникот е веќе во затвор
-
Мерка на претпазливост, редовно јавување во суд за обвинетите за распределба на спортски ваучери
-
Џунглата во дворот на Владата ги скара Џафери и Арсовска
-
Не запира одливот на медицински сестри од јавното здравство