Германија почнува да ги отвора продавниците
Германија се подготвува за нова фаза во борбата против епидемијата на коронавирусот, при што на некои бизниси сега им е дозволено да работат по едномесечен прекин, јави ДПА.
Се отвораат мали и средни продавници со површина помала од 800 метри квадратни, иако 16-те покраини имаат различни правила за враќање на работа.
Дилерите на автомобили и на велосипеди и книжарниците исто така ќе можат да продолжат со работа. Во некои провинции зоолошките градини се исто така на оваа листа.
Училиштата ќе бидат отворени за дел од учениците кои полагаат или се подготвуваат за испити во Саксонија, Берлин и Бранденбург. Другите провинции треба да ги отворат училиштата подоцна оваа недела или почетокот на мај. Дебатата за грижата за помалите деца продолжува. Се очекува денеска да се одржи состанок на работната група на која ќе се разговара за постепеното обновување на работата на јаслите и градинките во државата.
Ново на Сител
-
Рама: На изборите во Косово не давам предност на никого
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум
-
Тошковски: Потребни се сериозни реформи за поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди
-
Росица Кулакова: Kоренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем
-
91-годишна скопјанка измамена за 300.000 денари
-
64-годишен скопјанец пронајден починат во неговиот дом