Германија: Ново корона-правило – без брада, само мустаќи
Секој студент на Универзитет во Грајфсвалд што досега носел брада – ќе мора да ја избричи, бидејќи маската ФФП2 поради брадата, како што се тврди – не може добро да се постави на лицето.
Во деновите кога неколку европски земји најавија или веќе ги укинаа мерките против коронавирусот, во Германија се воведуваат дополнителни, „чудни“ прописи. Така, Медицинскиот универзитет во Грајфсвалд, во провинцијата Мекленбург-Западна Померанија, им забранил на студентите да носат брада.
Имено, секој што досега носел брада – ќе мора да ја избричи, бидејќи маската ФФП2 поради брадата, како што се тврди – не може добро да се постави на лицето.
Од Универзитетот по електронска пошта ги известиле студентите „да се погрижат лицето да им биде во согласност со хигиенските правила“. Односно, како што се вели, студентите може да пуштат мустаќи, но ако сакаат да одат на предавања, мора да ја избричат брадата.
Ново на Сител
-
Во Битола тешко повреден велосипедист откако во него удрил „цитроен“
-
Судиска двојка Николов и Начевски ќе судат во четвртфиналето помеѓу Франција и Египет
-
Уапсен 45-годишен Швеѓанец кој со автомобил се обидел да ја пробие оградата на руската Амбасада во Стокхолм
-
Малолетник се шетал со нож низ Чаир, полицијата го приведе
-
Приведено 33-годишно лице во Штип поради кражба
-
Градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ ќе поднесе оставка
-
Од утре дожд, на некои места пороен
-
Невреме и поплави во Италија