-->
-->
Германија на нозе, разоткриен невиден даночен грабеж: Инвестицискиот фонд „BlackRock“ украл 55 милијарди евра од буџетите на европските држави
-->
Германските инспектори извршиле претрес на минхенското седиште на инвестицискиот фонд "BlackRock" во рамките на поширока даночна истрага.
Рацијата, како што соопштиле инспекторите од Келн, била извршена во просториите на "BlackRock Asset Menagement Deutschland".
Од "BlackRock" порачуваат дека "во целост соработуваат во истрагата која се однесува на таканаречените "cum-ex" трансакции од периодот од 2007. до 2011. година". Имено, германската истражувачка групација "Коректив", заедно со новинарите од 19 медиуми, разоткрила голем даночен грабеж. Тие ги објавиле резултатите од истражувањето во кое било откриено дека банките и вложувачите при даночните манипулации извлекле околу 55 милијарди евра од буџетот на европските земји, што го платиле даночните обврзници.
Истрагата покажала дека била користена таканаречената шема "cum-ex", која е незаконска со оглед на тоа дека станува збор намерно криење од даночната управа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ахмети со скандалозна изјава од Чашка - Македонците според него зборуваат на бугарски јазик
-
Додека болните чекаат терапија, политичките партии се препукуваат за Онкологија
-
Унгарскиот заем наскоро ќе биде достапен за фирмите
-
Владината програма за 2025 во функција на остварување на стратешките приоритети
-
ИЈЗ: Растат бројките на заболени од грип, но состојбата не е алармантна
-
Македонската зелка нема опасни пестициди
-
Купете си изгубен куфер за 120 денари
-
Преглед на вестите од светот