Германија ќе врати извесен број азиланти во Грција
Германија се подготвува да врати назад, во Грција, извесен број азиланти кои сега се наоѓаат на германска територија, иако грчките центри за прифаќање, веќе се преполни.

Владата во Берлин мораше да го запре ваквиот процес, во 2011 година, откако така одлучи германскиот Уставен суд, но сега таквиот процес би можел да биде обновен, врз основа на одредбите од Даблинската конвенција на ЕУ.
Според овој документ, азилантите треба да го покренат прицесот за добивање азил , во првата земја членка на ЕУ, во која тие допатувале.
Потврда за промената во однесувањето дадоа во посебни изјави, гермaнскиот, но и грчкиот министер за миграција.
Министерот Јоанис Музалас потврди дека владата во Атина прифатила да прими назад, извесен број азиланти, означувајќи го тоа како „гест на добра волја“ и како дел од настојувањата на ЕУ да се влијае врз „некои други земји“ за да го направат истото.
Станува збор за вкупно 392 азиланти кои влегле на територијата на Германија во средината на 2017 година.
Промената на германската позиција не се однесува за оние бегалци или мигранти кои навлегуваа во земјата во текот на бегалските бранови во летото на 2015 и во 2016 година.
Германија досега има примен над 800 илјади мигранти и бегалци од воените зони на Сирија, Ирак и Авганистан.
Грција, заедно со Италија, се земјите преку кои влегуваат најголемиот број бегалци и мигранти од Блискиот и Средниот Исток и од Африка. Покрај во Германија, во овие две членки на ЕУ има најмногу дојденци од трети земји кои се смесени на нивните територии.
Од поптпишувањето на европско-турскиот договор за бегалците во 2016 година, Грција во Турција има вратено околу 1500 бегалци и мигранти.
Ново на Сител
-

Трамп: Постигнат е договор за разоружување на Хамас и повлекување на израелските сили од Појасот Газа
-

Премиерот Мицкоски во посета на Клиничката болница во Битола
-

Промоција на нови полициски службеници од генерација 2025/2026 година
-

Сончево и топло со температура до 39 Целзиусови степени
-

ЦУК: Локализиран пожарот кај Лешница
-

МВР: Камерите на „Безбеден град“ во функција во дел од општина Дебрца, наскоро и во Охрид
-

Активни пожари на грчките острови Крит, Андрос, Парос и Калимнос – евакуирани неколку населени места
-

Нетанјаху: Трамп ќе одлучи за иднината на судирот со Иран
