Бизнис
6. October 2016 - 18:23

Германија ќе укинува даноци

Добрата економија и дозволува на германската влада да воведе намалување на даночни обврски во висина од околу 6 милијарди евра во текот на 2017 и 2018 година, изјави денеска германска канцеларка Меркел, јавува дописникот на МИА од Берлин.

„Добрата состојба на федералниот буџет има позитивен ефект. Ќе бидеме во можност да воведеме мали даночни олеснувања кои што се во висина од 6 милијарди евра“, изјави Меркел денеска.

Најмоќната европска држава во моментов има најниска стапка на невработеност од обединувањето а последните податоците за нарачките во индустријата покажуваат дека расте побарувачката за германски производи во земјата и во светот.