-->
-->
Германија ќе покрие една седмина од договорот ЕУ - Турција
-->

Германската влада ќе плати 428 милиони евра или една седмина од вкупната сума што Европската унија треба да и ја плати на Турција согласно договорот со кој ќе се решава бегалската криза.
Вкупно до 2019 година ЕУ треба да плати 3 милијарди евра на турската влада која што се обврза да ги спречува бегалците од Блискиот Исток преку Егејското море да доаѓаат во Европа.
Според портпаролката на министерството за финансии во Берлин, Фредерике фон Тисенхаузен, својот дел од обврските Германија ќе го плаќа на четири рати во наредните 4 години. (127 милиони евра во 2106, 188 во 2017, 94,5 во 2018 и 18,4 милиони евра во 2019 година)
Една милијарда од трите колку што ќе добие Турција ќе биде платена од заедничкиот европски буџет додека 2 милијарди евра ќе бидат покриени од сите земји членки индивидуално. Најголемата сума од сите членки ќе даде Германија.
Покрај сумата од 3 милијарди Турција за своите напори да ги спречи бегалците да дојдат во ЕУ ќе добие визна либерализација и забрзување на пристапните преговори за членство во унијата.
Дополнителни 3 милијарди евра Турција ќе добие преку проекти за здравствена заштита, образование,инфраструктура, исхрана и други потреби на лицата под привремена заштита на нејзина територија. Во Турција во моментов има над 2,3 милиони бегалци во Сирија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп со заканa за Иран: Времето ви истекува, подобро побрзајте или нема да остане ништо
-

Македонската ракометна репрезентција се пласираше на Светското првенство 2027
-

МВР: Нема дојави за бомби во кој било трговски центар во Скопје
-

Вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие, уапсени две лица
-

Калас: Администрацијата на Трамп не сака силна Европска Унија
-

ОЈО бара притвор за осомничениот за убиството на 18-годишното момче од Бојане
-

Запален автобус на автопатот Гевгелија-Скопје
-

Николоски: Невозможни се барањата на „Рајан ер“
