Германија ја зголемува употребата на вакцината на АстраЗенека
Германија планира да ја зголеми употребата на вакцината на АстраЗенека , бидејќи властите одобриле таа да им се дава и на лица над 65-годишна возраст.
Стотици илјади дози од оваа вакцина повеќе недели стојат неупотребени поради разгледувањето кој може да ја прими и сомничавоста меѓу оние кои имале можност да ја добијат.
Според Европскиот центар за превенција и контрола на болести, Германија добила 2,1 милион дози од вакцината на АстраЗенека, а употребила само 721.000.
Берлин денеска отвора шести центар за вакцинација на поранешниот аеродром Темплехоф, каде ќе се инјектира само вакцината на АстраЗенека, која германските регулатори ја одобрија минатата недела и повозрасни од 65 години.
Германија заостанува со вакцинацијата зад Велика Британија и САД. До вчера во Геррманија се дадени 5,2 милиона дози вакцини, а двете дози ги примиле 2,5 милиони луѓе, или три отсто од 83-милионското население.
Ново на Сител
-
Азески е оптимист дека владата и банките ќе се договорат
-
Дали има етички пропуст на лекари за смртта на 14 месечното бебе од Гошинце?
-
Преглед на вестите од светот
-
80 години слободно Скопје
-
Прес конференција на опозицискиот лидер
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Средба Сиљаноска – Радев во Баку
-
Азески: Банките да пуштат пари