Германија ја покри речиси целата потреба за струја од „чиста енергија“

Германија вчера успеала да ја покрие речиси целата потреба од електрична струја со обновливи извори на енергија. Со помош на капацитетите за произовдство на соларна и енергија од ветер вчера во 14 часот попладне во Германија биле произведени 45,5 гигавати енергија а потребата била само 0,4 гигавати поголема.
Според податоците на „Агора Енергиевенде“, истражувачки институт од Берлин, трошоците за струја биле негативни во период од 15 минути, односно цената на струјата паднала на - 50 евра за мегават час тврди „Епекс Спот“ компанијата за размена на струја меѓу пет европски земји.
Германија не е единствената земја која што со години се обидува да ја замени струјата добиена од јаглен и гас со електричната енергија добиена од ветер и сонце. Минатата година фармите за ветерна енергија во Данска обезбедија 140 отсто од побарувачката, а во Велика Британија во период од 10 часа на 10 мај немало потреба од користење на електраните на јаглен. За експертите рано е да се планира целосна замена на класичните извори на струја со обновливи извори но постоењето на силна база може да доведе до целосна промена на структурата на изворите на енергија што би можело да ги промени и карактеристиките на економијата особено во земјите кои што први ќе се приближат до целосна замена на нафатата, јагленот и гасот со ветар и сончева енергија.
Ново на Сител
-

Трамп го предупреди Иран дека ќе биде „силно погоден“ со нови напади
-

Техеран: Американски напад врз инфраструктура остави 30 населени места без вода
-

Јовановски останува во притвор уште осум дена
-

Расте бројот на жртви по руските напади во Украина
-

Саудиска Арабија и Пакистан разговараат за заедничка одбрана по иранските напади
-

Со хеликоптер на МВР спасена повредена италијанска државјанка од Шар Планина
-

Тужба против ОпенАИ вредна 10 милиони долари: ЧетГПТ глумел адвокат без лиценца
-

Образованието е фундамент на секоја земја, затоа младите се во фокусот на оваа Влада, вели Мицкоски
