Свет
14. October 2016 - 8:54

Германија и Швајцарија ги засилуваат граничните патроли

Германија и Швајцарија ги засилуваат меѓусебните гранични патроли за да не им овозможат на мигрантите да патуваат на север, прекршувајќи ги правилата на Европската Унија за азил, јавија германските медиуми.

Швајцарија, која не е членка на ЕУ, се претвора во важна транзитна земја за мигрантите, кои го минуваат Средоземно Море, пристигнуваат во Италија и сакаат да продолжат кон Германија и скандинавските држави.

Германското Министерство за внатрешни работи соопшти дека полицијата од јануари до август годинава регистрирала околу 4.500 незаконски преминувања на границата од швајцарска страна.

Министерството соопшти дека двете земји ќе имаат потесна соработка за да го спречат незаконското влегување на луѓето во Германија и ќе ги враќаат оние кои веќе се влезени.