Германија и Македонија лани реализирале трговска размена од 3,15 милијарди евра

Економско-трговските релации помеѓу двете земји, можностите за нивно натамошно унапредување и поголемо искористување на потенцијалите за инвестирање во Република Македонија од страна на германски компании биле тема на разговор на средбата на министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, со германскиот амбасадор Томас Герберих остварена вчера во Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје.
Како што соопштија од Кабинетот на министерката, заеднички беше констатирано дека досегашната економска соработка меѓу двете држави е на високо ниво, за што освен одличната трговска соработка зборува и фактот дека во Македонија работат околу 200 фирми со германски капитал, во кои се вработени над 20 илјади луѓе. Германија и Македонија во 2017 година остварија трговска размена од 3,15 милијарди евра.
Амбасадорот Герберих, се наведува, потенцираше дека стабилизацијата на политичката клима, работата на реформскиот процес, особено обезбедувањето на правна сигурност се значајни фактори за германските компании да инвестираат во Македонија, и очекува дека позитивниот тренд во економските релации помеѓу двете земји ќе продолжи и понатаму.
Министерката Апостолска, се наведува понатаму, го информираше амбасадорот дека неодамна во сила стапи Законот за финансиска поддршка на инвестиции, што овозможува стимулирање и поддршка на странските и домашните компании, на еден транспарентен и недискриминирачки начин, да започнуваат нови инвестиции во земјава.
- Од страна на германскиот амбасадор и министерката заеднички беше оценето дека Германија е значaен политички сојузник на Македонија на патот на европските и евро-атлански интеграции и напредокот што го прави земјава во приближувањето кон ЕУ и НАТО, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

Трамп: Ниту една нација во светот не може да го постигне она што Америка го постигна вчера
-

Муцунски: Одговорноста е важна, ние стоиме зад САД и венецуелскиот народ за слобода и демократија
-

Каде е македонскиот студент на мапа? | Ангела Василевска и Александар Николовски | Sitel Podcast 133
-

Пронајден планинарот по кој се трагаше на Пелистер
-

Пронајден е починат исчезнатиот Македонец Стивен Ивановски
-

ЦУК: Сообраќајки, замрзнати улици, активиран Кризен штаб по падот на температурите
-

Приведен 34-годишник од тетовско, со остар предмет му се заканувал на градоначалникот на Желино
-

УЈП: Во 2025 година во националниот буџет собрани над четири милијарди евра од даноци и социјални придонеси
