Германија и Кина влегуваат во нова фаза на соработка
Односите меѓу Кина и Германија наскоро ќе влезат во нова фаза, најави денеска кинескиот претседател Си Џинпинг по средбата со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин, во пресрет на самитот на Групата 20 најразивени земји во светот, што во петок и сабота ќе се одржи во Хамбург.
- Кинеско-германските односи сега ќе имаат нов почеток со кој ќе дојдеме до напредок. Се надевам на нова рамка во која ќе бидат договорени нашите погледи за новите цели и плановите за нова соработка, изјави Си за соработката меѓу Германија и Кина.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, договорот за соработка кој денеска го потпишаа Меркел и Си се случува во период во кој и двете земји имаат нарушени политички и трговски односи со САД, кои што најавија дека ќе воведат нови принципи во трговијата, со цел да ја заштитат домашната економија.
Германија и Кина денеска се договорија за проширување на соработка во трговијата и вселенските истражувања, како и за заедничка помош за Авганистан и Африка.
Двете земји дополнително се во групата држави кои остро се противат на повлекувањето на САД од Парискиот договор за климатските промени.
Ново на Сител
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја
-
Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци
-
Приведено лице од Долни Дисан поради бегство од затворот во Куманово
-
Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата
-
Тони Надал: Рафа живеe нормално, а Ѓоковиќ е најдобар во историјата затоа што не живее нормален живот
-
Приведени двајца дилери од Прилеп, пронајдена дрога и пушка
-
СПМ: На 8 мај народот ќе ја определи својата иднина и иднината на државата