Свет
7. March 2018 - 15:39

Германија го зголемува бројот на свои војници во воените мисии

 Кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел денеска одобри зголемување на бројот на припадници на Вооружените сили на Германија во воените мисии во странство, вклучувајќи ги и оние во Авгансистан, Ирак и Мали. 

Законот, кој треба да биде одобрен од Бундестагот, предвидува да се зголеми бројот на германските војници во Авганистан за една третина, информира неименуван извор од германската Влада. 

Германските војници кои досега ги обучуваа курдските борци во северниот дел на Ирак, согласно новата одлука, наскоро ќе бидат стационирани во Багдад. 

Новина е и дека во мировната мисија на ОН во Мали бројот на германските војници од сегашните 1.000 ќе се зголеми за уште дополнителни 100. 

Германија спроведува ограничени воени операции во странство фокусирајќи се првенствено на обука, набљудување, мировни мисии и медицинска помош. Сепак, во 1999 година Германија учествуваше во воздушните напади врз на поранешна СР Југославија. 

Новата германска коалициска Влада се договори во следните четири години да се зголеми воениот буџет за 10 милијарди евра.