Германија го ограничува бројот на работни визи на 15.000 за Балканот
Германија се приближува до одлучувањето дали да ги продолжи правилата за вработување нискоквалификувана работна сила од Западен Балкан.
Правилото беше воведено во 2016 година и се очекува да важи до крајот на оваа година, а набргу германските политички партии треба да одлучат дали сакаат да го продолжат правилото по истекот на оваа година, пишува „Независне“.
Иако сè уште нема официјални информации, германските медиуми со добри контакти во германските политички кругови тврдат дека правилото ќе биде продолжено, но дека ќе биде воведена годишна квота од 15.000 работници од сите земји од Западен Балкан.
И покрај недостигот на информации, германскиот весник „Велт ам сонтаг“ објави статија во која се тврди дека парламентарниот клуб ЦДУ-ЦСУ, односно партијата од која доаѓа канцеларката Ангела Меркел, ќе даде поддршка за продолжување на оваа одредба, но со воведување квота.
Како што велат во Сојузното министерство за труд, управувањето со миграцијата е можно со издавање дозволи, односно визи, во согласност со, како што објаснуваат, потребите на пазарот на трудот, доколку за специфични работни места нема кандидати од Германија или други земји од ЕУ.
Според неодамна објавената статистика, минатиот месец Германија имала дури 600.000 повеќе невработени од претходната година. Сепак, многумина истакнуваат дека напорната физичка работа на градилиштето сè уште не привлекува значителен број Германци и покрај зголемената невработеност, а токму тоа е браншата во која најчесто се вработуваат неквалификувани работници од Западен Балкан.
Покрај тоа, како што покажа германската студија, Западен Балкан има квалификувани занаетчии што ѝ се потребни на Германија, а таа земја нема доволно такви луѓе – како ѕидари, водоводџии, електричари, столари.
Ново на Сител
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Тема на денот со Д-Р Дејан Докиќ, специјалист пулмоалерголог од клиниката за пулмологија и алергологија
-
10 жртви во пожарите во Лос Анџелес
-
Пет интерпелации на денешната собраниска седница
-
Тошковски: Повторно го повикувам Груби доброволно да се врати во Македонија и да ја докаже својата невиност
-
Избришано видеото со Ахмети во униформа на УЧК
-
Министерството го вклучи алармот за загадениот воздух