Германија го менува законот за силување со принципот „Не значи не“
Германија денеска расправа за менување на законот за сексуални престапи чиишто нејасни одредби се критикувани од јавноста особено по новогодишните напади во Келн и неколку други градови каде што сексуално беа злоставувани над 1000 жени од страна на имигранти.
Пратениците во Бундестагот денеска ќе гласаат за вметнување на принципот „Не значи не“ во законските одредби со што ќе нема простор силувачите во иднина да тврдат дека жртвите биле согласни на сексуален контакт поради што добиваат ослободителни или полесни пресуди.
"Реформата на легислативата за сексуални престапи ќе донесе затворање на срамните дупки во законот“, изјави министерот за правда Хајко Маас за Германската новинска агенција, пренесува дописникот на МИА од Берлин.
Според актуелниот закон за сексуалниот напад да биде прогласен за силување жртвата мора да давала физички отпор. Се очекува пратениците да гласаат за предлогот на владата сите видови на отпор кон сексуален напад да бидат основа за третирање на нападот како силување.
Ново на Сител
-
ГЕРБ победи, но е далеку до 121 пратеник за формирање влада во Бугарија
-
Советот за безбедност на ОН се очекува утре да расправа за израелските напади врз Иран
-
27 годишник од Гана силувал 32 годишна скопјанка во Кисела Вода
-
Бројот на загинати во невремето Трами на Филипините се искачи на 138
-
Во Батинци загина пешак откако бил удрен со возило
-
Израелските војници убиле висок командант на Хамас на Западниот Брег
-
Мицкоски за оставката на Комисијата за помилување: По направена грешка, ако се превземе одговорност, тогаш тоа е доблесно
-
Грција ја следи ситуацијата со балканската рута и поради опасноста меѓу мигрантите да има борци од Хамас