Германија би можела да ја стави Турција на листата на опасни земји
Германската Влада ја разгледува можноста да ја стави Турција на листата на земји кои во безбедносна смисла се многу ризични за разузнавачките агенти, објавија германските медиуми.
Весникот „Зидојче цајтунг“ и телевизиите WDR и NDR ги пренесоа зборовите на портпарол од Министерството за внатрешни работи на Германија дека листата моментно се ревидира.
- Во рамки на овој процес, Министерството за внатрешни работи размислува дали да ја додаде Турција на таа листа, истакна неименуваниот портпарол, а моментно на листата се наоѓаат Кина, Русија, Пакистан, Северна Кореја и уште 26 земји.
Некои германски разузнавачки служби, кои сметаат дека Турција е помалку партнер, а повеќе непријател, побараа проширување на разузнавачката контрола врз активностите во таа земја во борбата против Исламска држава.
Некои од тие безбедносни агенции ги предупредиле своите вработени на опасност при патување во Турција.
Најновите медиумски наводи стигнуваат во момент кога односите меѓу двата партнера во НАТО се затегнати, а германските власти се закануваат дека ќе ја ограничат продажбата на оружје за Турција.
Анкара смета дека таквиот потег може да ја загрози нивната заедничка борба против ИД.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата