Германците во Новата година влегуваат со трет пол: Законот стапи на сила, а ЛГБТ заедницата е незадоволна

Во Германија од 1. јануари стапи на сила законот кој им овозможува на луѓето кои биолошки не се вклопуваат ниту во машкиот ниту во женскиот пол да изберат трета опција во службените документи.
Владата го изгласа законот во август, а минатиот месец го потврди Бундератот.
Припадниците на ЛГБТ популацијата рекоа дека оваа мерка не е доволна зошто е потребен сертификат од лекар со кој се докажува дека лицето е интерсексуално и побараа закони со кои ќе се олесни животот на луѓето кои не се идентификуваат со полот со кој се родени.

Интерсексуалните луѓе се родени со машки и женски полови карактеристики, кои можат да се појават и подоцна во животот, пренесува британски Индепендент.
Според податоците на Обединетите нации, 1,7 отсто од светското население е родено со интерсексуални карактеристики.
Ново на Сител
-

Цената на суровата нафта би можела да падне на 70 долари за барел
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-

Сиљановска Давкова и Муцунски на дигитален форум во Анталија
-

За Стафа 15 месеци затвор - за Ристов обвинение
-

Судење за оддавање службени тајни, објавена комуникација меѓу обвинетите
-

Обвинетиот Јовановски физички ја нападнал сопругата пред таа да се самоубие, тврди дека бил испровоциран
-

Филипче со писмо до Брисел против Мицкоски
-

Владата ги следи цените: Засега нема вештачки поскапувања
