-->
-->
Германците против одлуката на Меркел за судење на критичарот на Ердоган
-->

Одлуката на канцеларката Меркел на барање на Турција да се дозволи судење на германскиот сатиричар кој што го навреди турскиот претседател Ердоган е оценета како погрешна од 66 % од граѓаните.
Според анкетата спроведена од агенцијата „Емнид“ а објавена во неделното издание на весникот „Билд“ само 22 % од испитаниците се согласуваат со одлуката на владата во Берлин а 12 % се воздржани по прашањето.
Германската влада во петокот донесе одлука дали германските судови можат да му судат на телевизискиот водител Јан Бехерман кој што на 31 Март го исмејуваше и навредуваше турскиот претседател Ердоган на емисија на државната телевизија ЦДФ. Според германските закони без одлука на владата судот не може да му суди на Бехерман за навреда на странски претставник.
На гласањето во петокот владата по ова прашање била поделена во сооднос 50 % : 50 % од гласовите по што решавачки бил гласот на канцеларката Меркел која што смета дека Бехерман свесно во навредил Ердоган. По одлуката на владата во Берлин , Бехерман одлучил да паузира со емисијата во период од еден месец.
Турскиот претседател е клучниот фактор во спроведување на планот на Германија и ЕУ за спречување на бегалската криза.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Зеленски: Се надевам дека разговорите ќе донесат мир што е можно побрзо
-

Путин и Трамп не ја поддржуваат европско-украинската идеја за привремено примирје, соопшти претставник на Кремљ
-

Вардар предложи јужната трибина да го добие името Васил Рингов
-

Реакција на ЗНАМ
-

Трамп изјави дека имал „многу продуктивен“ телефонски разговор со Путин пред средбата со Зеленски
-

Граничниот премин Евзони од пладне затворен за сообраќај
-

Трамп и Зеленски по средбата ќе имаат телефонски разговор со европските лидери, соопшти портпаролот на украинскиот претседател
-

Прегазен 31-годишен пешак во Скопје
