Loading Video...
Свет
23. April 2021 - 12:26

ГЕРБ денеска го врати мандатот за формирање на Влада

Досега владејачката партија во Бугарија, ГЕРБ денеска го врати мандатот за формирање на Влада, откако не успеа да обезбеди мнозинство за формирање на нова Влада, соопшти премиерот во оставка Бојко Борисов.
 
- Јас сум убеден дека одбивањето на Демократска Бугарија и Има таков народ воопшто да разговараат со ГЕРБ за поддршката на Владата е поради страв. Партијата на Слави Трифунов нема да формира Влада затоа што немаат капацитет за тоа, убеден е Борисов.
 
Викендов бугарската социјалистичка партија БСП објави дека ќе гласа против предлогот за нова Влада на ГЕРБ, а ќе ја поддржат онаа на Слави Трифунов, но нема да учествуваат во неа.
 
По враќањето на мандатот, Радев ќе треба да и го додели на втората политичка сила во новиот парламентарен состав, во случајот Има таков народ.