Герасимовски во посета на збратимената општина Стари Град, Белград, во фокус култура, спорт и образование

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, за време на работната посета на збратимената општина Стари Град во Белград, оствари средба со својот колега и домаќин, градоначалникот Радослав Марјановиќ. Посетата се реализира по повод 150 години од формирањето на општината Стари Град, информираат од Општина центар.
На средбата, како што велат, делегациите на двете општини разменија искуства и разговараа за продлабочување на соработката во областа на културата, спортот, образованието и урбаниот развој.
- Нашите збратимени општини имаат слични проекти и приоритети. Токму затоа е клучно да споделуваме искуства и да учиме едни од други. Преку вакави врски и соработка, ги промовираме културните вредности и туристичките потенцијали што ги поседуваме, рече Герасимовски.
Општина Центар и Стари Град се збратимени повеќе од две децении, а соработката има за цел продлабочување на врските меѓу локалните власти, како и зближување на граѓаните преку културна, спортска и образовна размена и други заеднички иницијативи, со што се зајакнува пријателството меѓу двете локални заедници.
МИА
Ново на Сител
-

Прва пресуда за „Пулс“: Тројца полицајци добија условни казни затвор
-

10 месеци затвор за вработената во Земјоделие која призна вина за злоупотреби со ИПАРД
-

Кривични пријави за родителите на насилничките од Ѓорче Петров - уште еден инцидент меѓу малолетници во градскиот парк
-

Притвор и кривична за обезбедувачот на премиерот Мицкоски кој физички ја нападна сопругата
-

Град Скопје бара да се пломбира фирмата во Визбегово каде вчера се запали машината за железо
-

Филипче: Како Бугарија ни го загрозува идентитетот?
-

Одбележан 5 мај – Ден на македонскиот јазик
-

Филипче и Мицкоски различно гледаат на економската состојба во државата
