Герасимовски: Паркот на новинарите исчистен, бездомните лица иселени , го враќаме редот и мирот во Центар

Општина Центар спроведе координирана акција за темелно чистење на јавниот простор спроти објектот на „Нова Македонија“, познат меѓу скопјани како Парк на новинарите. Акцијата ја спроведоа општинските инспекциски служби, во координација со ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ) и Полициската станица – Центар, информираат од локалната самоуправа.
На локацијата години наназад се населуваат бездомни лица со импровизирани шатори, се трупа смет и ѓубре, а местото стана легло на зарази. Жителите од околните згради постојано пријавуваа нарушување на јавниот ред и мир, но и физички пресметки на овој простор.
- Реагираме по којзнае кој пат на овој простор, секогаш на барање на граѓаните. Локацијата ја чистиме во неколку наврати, но бездомните лица постојано се враќаат и повторно го узурпираат паркот. Вакви појави нема да се толерираат во Центар. Ќе постапуваме секогаш кога се нарушуваат јавниот ред, безбедноста и хигиената на граѓаните. Дополнително, апелираме до Министерството за труд и социјална политика итно да се вклучи во решавањето на статусот на овие лица, за да нема повеќе вакви појави- порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
По завршувањето на акцијата, просторот ќе биде целосно расчистен, а Паркот на новинарите ќе им биде вратен на жителите како чист и безбеден јавен простор за секојдневно користење.
МИА
Ново на Сител
-

Шверцувале цигари и лекови, цариник им давал информации за контролите
-

Лекарска комора го осуди физичкиот напад врз гинекологот Огненовиќ
-

Мицкоски од Њујорк: Македонија е жртва на булинг во Европа
-

Јулските плати зголемени за 2 евра во однос на јуни
-

25. годишна конференција на Македонска берза
-

СДСМ со законски измени ќе им помага на земјоделците, ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваат СДСМ за неисплатени субвенции
-

Прв случај на западно-нилска треска и во Сарај, ИЈЗ апелира граѓаните да се заштитат
-

За 3 години изгореле речиси 83 илјади хектари шума, штетата е над 133 милиони евра, констатира ДЗР
