Герасимовски: Нов концепт и локација на читалната „Ацо Шопов“
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ја отвори читалната што го носи името на доајенот на македонскиот книжевен збор Ацо Шопов.
Во чест на 100-годишнината од неговото раѓање, ученици од општинските основни училишта „Ј.Х.Песталоци“ и „Киро Глигоров“ ги потсетија присутните гости на делови од творештвото на Ацо Шопов, со кое во текот на образовниот процес се сретнале и ќе се сретнуваат многу генерации.
„Културата и уметноста се најважни начини да ги покажеме убавините и богатствата на нашата земја. Општина Центар ја поддржува културата и во континуитет реализира проекти што би ги поттикнале читачките навики особено кај младата популација. Оваа читалница нека биде свратилиште на сите љубители на книжевноста, нека биде катче што може да ги разбуди имагинацијата и креативноста во пишувањето, нека биде алтернативен образовен простор во кој сите ќе се чувствуваат слободни да истражуваат и создаваат“, рече Герасимовски и истакна дека ќе продолжи со реализација на активностите за соодветно вреднување на културата што е дел од неговата заложба како градоначалник.
Во новите простории на читалната во сутеренот на ТЦ „Беверли Хилс“ добредојдени се сите граѓани, каде што ќе имаат можност да го користат нејзиниот книжевен фонд што вклучува повеќе од 2 000 книги од сите жанрови. Членството е бесплатно, а просторот без никаков надоместок е достапен за организирање литературни дружења, креативни средби и едукативни работилници.
Ново на Сител
-
Македонските фудбалерки со бод од гостувањето во Летонија ја завршија Лигата на нации
-
Гостиварчанец ја нападнал својата вонбрачна сопруга со метален предмет, а потоа ја силувал
-
Уапсен прилепчанец, криумчарел 13 кг тутун и текстил
-
Од актерство се живее ако многу се трудиш | Антонио Ташковски | ПРОфесија | Sitel Podcast 096
-
Утре без вода Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, Железара, Бутел и Визбегово
-
Возачот кој со автомобил удри во толпа навивачи на Ливерпул останува во притвор
-
Трамп: Кина не го почитува договорот за царините
-
Јаневска очекува државна матура без проблеми, упати пораки до учениците и до тестаторите