Герасимовски: Бесплатни ранчиња и училиштен прибор за првачиња
Општина Центар и оваа година, преку општествено одговорни компании, ќе додели околу 600 бесплатни ранчиња и училиштен прибор за сите првачиња запишани во осумте основни училишта во општината. Градоначалникот Горан Герасимовски, во пресрет на новата учебна година, им посакува успешна година и примерно поведение, се наведува во денешното соопштение на Општина Центар.
Герасимовски во писмената изјава посакува и оваа година со насмевки, среќа и желби за успех, да се започне новата учебна година.
- Општина Центар заедно со општествено одговорни компании ќе подарат ранче и училиштен прибор за секое прваче. Знаењето е темелот на државата, затоа од почеток да вложуваме, зборуваме за важноста за стекнување нови знаења и изградиме млади и успешни генерации, нагласува Герасимовски.
Од Општината истакнуваат дека ќе продолжат да се грижат и да вложуваат во обезбедување подобри услови за сите основни училишта да бидат на највисоко ниво и децата да го добиваат најдоброто и најквалитетно образование.
Ново на Сител
-
Нова вакцина за ХИВ
-
ЦУК: Во последното деноноќие 2 271 повик на 112 и два пожара на отворено
-
Во текот на викендот се подигнати 65 кубни метри одложен отпад
-
Божиќна честитка на Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх Киро Стојанов
-
Во Загреб марш за зголемување на безбедноста во училиштата
-
Најстудено утрово во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-
Министерот Муцунски во Вашингтон – продлабочување на билатералната соработка и привлекување нови инвестиции
-
Саливан: Иран може да направи нуклеарно оружје