Македонија
12. јуни 2024 - 16:38

Герапетритис утре во Скопје

Одржувањето на Министерскиот состанок и Самитот на шефови на држави и влади во рамките на Процесот за соработка на Југоисточна Европа, три дена ќе го блокираат Скопје. Од денеска до петок движењето ќе биде органичено, особено во централното подрачје поради присуството на високи државни функционери од 13 земји дел од процесот.Во Македонија пристигнува и грчка делегација која според објавата на трамошното МНР ќе ја предводи лично министерот Јоргос Герапетритис. Македонското МНР пак без таа информација, најавува дека неговата заменичка Пападополу ќе биде највисок функционер кој ќе биде дел од состаноците.Според агендата планирани се состаноци со Османи, како министер во заминување и ос новиот собраниски спикер Гаши.

На агендата се годишниот извештај, Стратегијата ЈИЕ 2030, како и процедурата на избор на новиот генерален секретар на Советот, на која е кандидиран Амер Капетановиќ од БиХ, соопшти МНР.

По состанокот на министри, шефовите на државите учеснички на состанок кој ќе го предводи претседателката Гордана Силјановска Давкова , треба да го усогласат текстот на финалната Заедничка декларација. Со таквата согласност ќе бидат потврдени заложбите за постигнување на компромиси и прифатливи решенија, со фокус на забрзано членство во ЕУ.