Георгиевски: Заболените од Гази Баба потекнуваат од собирање за ифтарските вечери
Семејните ифтарски прослави во текот на минатите недели се причина за големиот број на заразени во општината Гази Баба, вели градоначалникот Борче Георгиевски.
Од 37-те новозаболени од Ковид-19 регистрирани во изминатото денонокие, 12 се во Скопје и тоа пет повторно во општината Гази Баба.
– Според моите информации заболените најмногу потекнуваат од кластери кои се дел од семејствата поради непочитување на мерките и меѓусебно собирање во групи за време на ифтарските вечери во Сингелиќ. За жал од тие кластери има и еден починат пациент, појаснува Георгиевски.
Според него се врши секојдневна дезинфекција по станбените и јавните објекти, пазарите и игралиштата, поделен е голем број на маски и постојано се апелира до населението да се придржува до мерките пропишани од владата.
– Апелираме на соработка со граѓаните, се додека се кријат од полицијата, се групираат по домовите, ова ќе нема крај. Мора да се подигне свеста дека се работи за колективно здравје за сите, вели Георгиевски.
Од вкупниот број 199 активни случаи во Скопје, како што посочуваат од Министерството за здравство, дистрибуцијата по општини е следна: Сарај – 41, Гази Баба – 39, Чаир – 38, Аеродром – 25, Бутел – 13, Ѓорче Петров – 9, Центар – 9, Карпош – 7, Илинден – 7, Шуто Оризари – 6, Кисела Вода – 3, Студеничани – 1, Петровец – 1.
Ново на Сител
-
Убедливо водство на Силјановска
-
ОБСЕ/ОДИХР ги објави првичните резултати за првиот круг претседателски избори
-
Хроника на изборни нерегуларности за првиот круг на претседателските избори
-
Анализа на првиот круг од претседателските избори
-
Убедлива победа на Силјановска во првиот круг, Пендаровски најавува продолжување на европската агенда
-
Груби со куфер од пред Општина Чаир побара да си одат четворицата претседатели од албанската опозиција
-
Таткото на Вања Ѓорчевска оди во куќен притвор
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд