Георгиевски: Почитувани тутунари, СДСМ е со вас

Владата предводена од Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија е најдобрата опција за стабилност и сигурност кај земјоделците. СДСМ е партија на добри вести, за разлика од опозицијата, која е извор на лажни вести.
Сакаме да ја информираме јавноста дека Владата на Република Северна Македонија преку Генералниот секретаријат започна со исплатата на финансиската поддршка за тутунарите во рамки на пакетот поддршка за намалување на последиците предизвикани од КОВИД-19 и на сметките на производителите на тутун веќе почнаа да стигнуваат парите за откупените количини.
Над 19.000 тутунари, наши сограѓани, добиваат поддршка со вкупна вредност од 300 милиони денари.
Се работи за поддршка од три денари по килограм за произведен и предаден необработен тутун од втора класа и 16 денари по килограм за произведен и предаден необработен тутун од трета и четврта класа.
Сакам да ја потсетам јавноста дека претходно за тутунарите беа исплатени субвенции во висина од една милијарда и седумстотини илјади денари и заедно со оваа поддршка, Владата за тутунарите, во година на светска здравствена и економска криза, успеа да реализира две милијарди денари финансиски средства.
Почитувани тутунари, СДСМ е со вас.
Секогаш кога е потребно, подаваме рака. Верувам дека добро се сеќавате на едно минато време, кога бевте оставени сами на себе, кога трпевте притисоци од режимот и кога моравте вашиот квалитетен тутун да го давате за мизерни цени.
Тоа се смени со СДСМ, затоа што сме отворена партија и затоа што водиме грижа за сите.
СДСМ ќе продолжи со безрезервната гружа за тутунарите и за сите земјоделци во нашата држава.
Гоце Георгиевски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ
Ново на Сител
-

Прегазен 31-годишен пешак во Скопје
-

Косовски државјанин се судрил со контејнери, семафор и повеќе автомобили, па продолжил да вози
-

Три возила се судриле на патот Охрид-Кичево, еден од возачите приведен
-

Приведена 55-годишна жена во Тетово, пронајдени пиротехнички средства
-

Приведени 40 лица поради непријавен огномет во близина на Ајфеловата кула
-

Украина ноќеска соборила 30 дрона, Русија неутрализирала 25, запалена е рафинерија во Самарскиот регион
-

Почина славната актерка Брижит Бардо
-

Герасимовски: „Џез под ламба“ ги сплоти скопјани, незаборавна џез вечер и празнична магија во Центар
