Георгиевски: Играме во тешка група, но остварлив е пласман во вториот круг
Македонската ракометна репрезентација ги одработува последните денови од првата фаза од подготовките за Светското првенство во Франција. Избраниците на селекторот Лино Червар напорно работат во Маврово, а оптимистички расположен е десното крило Гоце Георгиевски.
- Се работи навистина напорно, тука во Маврово пред се на физички план. На тактички план акцент ќе има пред се на вториот дел од подготовките во Скопје, иако и тука веќе нешто тренираме. Играме во тешка група, но со напорна работа за нас е остварлив е и пласманот во вториот круг (осминафиналето), изјави Георгиевски.
Репрезентацијата во Маврово ќе биде до утре, а од вчера на подготовките се приклучи и Дејан Манасков. Филип Миркуловски допатува во Македонија, но со тренинзи со репрезентацијата ќе почне на 2 јануари во вториот дел од подготовките.
Македонија на Светското првенство настапува во групата во Мец, заедно со селекциите на: Тунис (12 јануари), Ангола (14 јануари), Словенија (16 јануари), Шпанија (18 јануари) и Исланд (19 јануари). Репрезентацијата за Франција ќе патува на 10 јануари.
Ново на Сител
-
Трамп: Разочаран сум и од Русија и од Украина
-
Преживеаниот Британец од Ер Индија: Во ред сум
-
Албанија: Странските директни инвестиции во првиот квартал 362 милиони евра, предничат недвижности
-
УНХЦР: Бројот на бегалци што се враќаат во татковината се зголемува, и покрај глобалните конфликти
-
Над 100 загинати во Газа за 24 часа, комуникациите во целосен прекин
-
Државен секретар на САД упати честитки до Русите по повод нивниот национален празник
-
Иран спроведува воени вежби во услови на тензии со Израел
-
Пронајдени 204 тела од уривањето на авионот на Ер Индија