-->
-->
Генералното собрание на ОН ја прогласи Русија за окупаторска сила на Крим
-->
Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција со која Русија е прогласена за „окупаторска сила“ на Крим и се осудува кршењето на човековите права на полуостровот.
За Резолуцијата, што ја предложи Украина, гласаа 70 држави, 26 беа против, а 76 се воздржаа од гласање.
Со резолуцијата се осудува „привремената руска окупација на украинската територија Крим“.
Генералното собрание на ОН слична резолуција усвои и во декември 2016 година.
Како што пренесува МИА, Македонија, САД и повеќето европски држави гласаа за Резолуцијата, додека меѓу оние кои се изјаснија против документот беа и Русија, Кина, Индија, Белорусија, Иран и Србија
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Нема мигранти, но ќе има брза пруга, се потврди дека СДСМ кажува невистини
-

Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17 јуни
-

СП 2026: Стартни победи на Австралија и Шкотска, по бод за Бразил и Мароко
-

„Центарска симфонија“ синоќа во организација на Општина Центар
-

Пронајдена дрога при претрес во Гостивар
-

НБА: Прва титула за Њујорк по пауза од 53 години
-

ИДФ повикаа на евакуација на 29 села и градови во јужен Либан, пред нападите врз Хезболах
-

Мицкоски: Еврокомесарката Кос ќе престојува во земјава во рамките на редовната обиколка на регионот
