Генерален штрајк во Грција
Грција денеска е речиси целосно блокирана поради 24-часовниот генерален штрајк што го организираат синдикатите во знак на протест поради новите мерки за штедење што ги договори грчката Влада со кредиторите. како услов за исплата на нова транша од помошта за земјата.
Поради штрајкот, фериботите и останатите бродови нема воопшто да сообраќаат со што островите ќе останат целосно отсечени од континенталниот дел на земјата, додека јавниот транспорт ќе се одвива со редуциран возен ред.
Откажани се и сите авионски летови, како и целокупниот железнички сообраќај.
Грција денеска е и без дневни весници поради вчерашниот 24-часовен штрајк на новинарите и остантите вработени во медиумите, а паралено со генералниот штрајк од денеска почнува на 48-часовниот прекин на работата на лекарите и медицинскиот персонал, кои се наздоволни од најавите за намалување на средставта за здравствениот систем.
Генералниот штрајк се организра во време додека во грчкиот Парламент трае дебатата околу Предлог-законот за новите мерки за штедење, за кој пратениците треба да гласаат утре вечер.
Со овие мерки, Атина се согласи да врати долг од 3,6 милијарди евра, средства кои треба да бидат обезбедени со намалување на пензиите и давачките во државниот сектор и со зголемување на даноците. Согласно договорот, примената на овие мерки треба да започне по 2018 година, откако ќе истече сегашната програма за спас, и треба да бидат импементирани во период од две години, односно во текот на 2019 и 2020 година.
Од усвојувањето на новиот Предлог-закон ќе зависи дали на средбата на Еврогрупата на 22 мај ќе биде донесена одлука за исплата на нова транша од кредитите за спас на Грција.
Ново на Сител
-
До четврток посвежо со локална нестабилност и пообилни врнежи
-
Германската амбасада со честитки до Силјановска Давјкова за преземањето на нејзината улога како прва жена претседател
-
„Политико“: Силјановска-Давкова предизвика расправии со Грција уште при полагањето заклетва
-
ДИК ќе одлучува по однос на пристигнатите приговори од парламентарните избори
-
За брзо возење казнети 553 возачи
-
Руската армија тврди дека неутрализирала 31 украински дрон
-
Одложено судењето за „Шпански скали“
-
За прв пат од 2004 година, ниту Ѓоковиќ ниту Надал нема да бидат во четвртфиналето во Рим