-->
-->
Генерал Мили: Украина ќе плати висока цена за контраофанзивата
-->
Украина бележи постојан напредок во својата сè уште нова контраофанзива против руските сили, но цената веројатно ќе биде висока, изјави началникот на Здружениот Генералштаб на вооружените сили на САД, генерал Марк Мили.
Тој, на прес-конференција во седиштето на НАТО во Брисел, истакна дека „борбите се екстремно насилни и веројатно ќе потраат долго време, а цената ќе биде висока“.
Мили го пофали лидерството, умешноста и моралот на украинските сили и го спореди со Русија.
- Нивното раководство не е нужно кохерентно, моралот на нивните војници не е висок, и тие се во дефанзива, а дури многу од нив не знаат зошто се таму, посочи Мили.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почнува судењето на францускиот хирург обвинет за силување на стотици деца под анестезија
-
Четврти ден се трага по Миле Тодоров од Неготино
-
Намален бројот на работници во индустријата
-
Историски максимум на цената на кафето арабика на берзите
-
МОН: Јаневска на самит во Будимпешта, ќе се продлабочува соработката помеѓу Западен Балкан и Унгарија
-
Георгиев: Годинава нема заедничко чествување на Гоце Делчев
-
Околу 600 вработени во централата на УСАИД во Вашингтон добија забрана за влез во Агенцијата откако Маск најави нејзино затворање
-
Во средните училишта се спроведува проект за популаризација на воената професија