Генерал Аросвски: Гордо звучи името Македонија, ако тоа го изгубиме треба да си плукнеме в лице

Многумина на оваа наша Република Македонија и се заканувале. Не успеале, нема ни сега да успеат, истакна на денешниот протестен марш на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во Скопје, Генерал Митре Арсовски.
– Гордо звучи името Македонец, Македонија. Ако тоа го изгубиме треба да си плукнеме в лице сите, посочи Арсовски.
Вели дека Армијата е само еден сегмент во одбраната на Македонија, оти таа е ‘рбетот, и дека доколку некој успее да го скрши, веќе Македонија нема да постои.
-Долго време политиката се мачи, дали во Македонија да воведе регрутен систем или да имаме платена армија, потенцира Аросвски, додавајќи дека ќе мораме да научиме да си ја браниме државата.
Во врска со Тиранската платформа, Генералот вели дека не сака ниту да ја спомнува, бидејќи како што вели, таа не е негова, туку таа е туѓа платформа.
Арсовски посочи и дека интелектуалците во Македонија треба да направат платформа.
-Во нашата декларација мора да пишува „Оној Македонец кој ја предаде својата држава, нека оди сам во затвор“, истакна Арсовски.
Ново на Сител
-

Мицкоски-Пленковиќ: Македонскиот пат кон ЕУ е исполнет со непринципиелни и неправедни блокади
-

Мотор влечел 12-годишно дете по улица во Драчево
-

Речиси 80 отсто од потрошувачката на струја во март е обезбедена од домашно производство
-

Три случаи на семејно насилство за едно деноноќие: приведени мажи во Битола, Куманово и Кичево
-

На ГП „Блато" приведен државјанин на Албанија, баран со меѓународна потерница
-

Зголемени трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување
-

Мицкоски и Пленковиќ потпишаа договор за стратешка соработка меѓу двете земји
-

Мурињо се согласи на двегодишен договор со Реал, услов е Перез да биде реизбран
