-->
-->
ГДОМ во Делчево: Избори на 5-ти јуни со масовно референдумско гласање на македонскиот народ
-->
Делчевчани порачуваат дека се будни и дека ја следат состојбата. Бараат крај на политичката криза во државава на тој начин што граѓаните ќе си гласаат на избори.
ГДОМ од Делчево на вечерашниот собир од под знамето на Р. Македонија порачува:
-Избори на 5 ти јуни со масовно референдумско гласање на Македонскиот народ со што сите гласно ќе му кажеме на целиот свет дека единствен суверен во Република Македонија е Македонскиот граѓанин кој има право на избори според Уставот на државата да избере свои политички водачи кои ќе продолжат да ги раководат институциите за развој на Македонија во иднина. Ги осудуваме сите притисоци од било кои надворешни емисари чиј што интерес е да го потчинат Македонскиот народ на нивната политичка воља. Гордо и достоинствено да му порачаме на цел свет дека во Македонија е најважна демократијата и правото на глас на секој поединец и никакви поединци без легитимитет од граѓаните не смее да одлучува за било какви прашања поврзани со сувереноста и независноста како и идентитетот на државата, а најмалку за промена на вековното име на овој древен народ. МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ! Сега и засекогаш, рече Кирчо Анастасов од ГДОМ-Делчево.


-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Папата повеќе не е во непосредна опасност, но останува во болница
-
Пожар меѓу селата Моштица и Саса
-
Ѓорческа успешно ги мина квалификациите на турнирот во Унгарија
-
Пронајден починат маж во Свети Николе во куќа каде неовластено живеел
-
Возач во Аеродром удрил 15-годишно девојче и побегнал
-
Судски совет за в.д. претседател на Врховен суд го определи судијата Џемали Саити
-
ССМ најавува протести доколку Владата не ги зголеми платите
-
Утврден идентитетот на жртвите во сообраќајката кај Битола