„Газет Ривју”: Албанија четврта најсиромашна земја во Европа
Според анализата на американскиот весник „Газет Ривју”, Албанија е на четвртото место на листата на најсиромашни земји во Европа, со годишен приход по глава на жител од 4.450 долари.
Како што јави дописникот на МИА, Албанија, според весникот, е меѓу најсиромашните земји во Европа, иако има идеални услови од апсект на туризмот, како и природни ресурси.
- Албанија има многу природни ресурси, како природен гас и железо, но се чини дека нејзините граѓани тоа не го сметаат за богатство. Како и многу други сиромашни земји и Албанија го поддржува земјоделството за да се вработат голем број нејзини граѓани, се наведува во анализата, чии делови пренесува весникот „Шекули“.
Инаку, пред Албанија на листата се Молдавија со приход од 2.560 долари по глава на жител, Украина со 3.560 долари и Косово со 3.390 долари, додека топ 5 листата на најсиромашни европски земји ја заокружува Босна и Херцеговина со национален доход од 4.760 долари пер капита.
Ново на Сител
-
Притвор за скопјанец, пронајден е кокаин
-
Предистрага поради сомненија за загадување на животната средина по пожарот во Визбегово
-
Лишени од слобода возачи во Македонски Брод и Македонска Каменица, управувале возила под дејство на алкохол
-
Мицкоски очекува успешна сезона за лозарите
-
Индиректните преговори за прекин на огнот во Газа попречени од израелскиот план за повлекување
-
Синот на нарко-босот Ел Чапо се изјасни за виновен пред американски суд во замена за полесна казна
-
Мицкоски за обвинувањата на Арсовска: Државата има институции, ги повикувам да постапуваат
-
ФЗО се враќа на стариот концепт, ќе има само еден директор