-->
-->
Гатилов: Мигрантската криза ќе се реши ако се искоренат причините
-->
Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Генадиј Гатилов денеска изјави дека бегалската криза во Сирија може да биде решена само ако се искоренат нејзините причини.
- Русија е загрижена поради состојбата на сириските бегалци чиј број, според извештајот на Високиот комесаријат за бегалци на Обединети нации, се зголеми на пет милиони луѓе, истакна Гатилов на конференцијата за глобална одговорност за сириските багалци, што се одржува во Женева.
Тој додаде дека „мигрантската криза е последица на политиката на мешање во сириските внатрешни проблеми со цел да се дестабилизира државата и да се промени несоодветниот режим“.
Гатилов наведе дека Русија е подготвена активно да учествува во процесот на нормализација на бегалската криза.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсен 37-годишник од Скопје, физички нападнал девојка и извршил обљуба врз неа
-
Тепачка меѓу четири лица во скопски Аеродром
-
Пронајдена неексплодирана бомба во водите на Охридското езеро
-
Нова акција против корупцијата во Србија: Уапсени пет лица
-
Жена од Пробиштип измамена, на нејзино име подигнати два кредити
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа
-
Антивладин протест во Кишињев
-
Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев