Македонија
17. July 2024 - 8:15

Гаснењето на пожарот на Серта продолжува денес повторно од воздух и од копно

Гаснењето на пожарот на планината Серта продолжува денес со сите воздухопловни сили и од копно, е констатирано на вечерашниот состанок на Штабот за заштита и спасување во Неготино.  

- Предвидено е денес вклучување на сите воздухоплови- хеликоптери и „ер трактори“ кои се на располагање за гаснење на пожарот од воздух, а паралелно од копно во активностите ќе бидат вклучени припадници на АРМ, 30 припадници на ЕБР, полицајци од СВР Неготино, пожарникари, од Национални шуми, ловџии и волонтери кои со денови даваат несебичен придонес во гаснењето на пожарот, појасни неготинскиот градоначалник Горан Стојанов. 

Како и во изминатите денови, така и за денес, Кризниот штаб има обезбедено механизација за поефикасно гаснење на пожарот. 

Пожарот во неготинско избувна во средата околу 10.30 часот.