Гаши: Вјоса Османи се тресеше на телефон, децата и плачеле, морав да помогнам

Ми се јави претседателката на Косово, Вјоса Османи, гласот ѝ трепереше, бараше помош. Ми рече дека има проблеми на скопскиот аеродром и дека ја разделиле од децата кои исто така биле на аеродромот. Ми рече дека децата се многу исплашени и дека плачат. Морав да помогнам објасни собранискиот спикер Гаши за скандалот на скопскиот аеродром.
Претседателот на Собранието нема свое обезбедување, туку тој е обезбедуван од МВР. Тие луѓе се полицајци и тие треба да ги знаат законите и своите овластувања. Така што, отсега одговори барајте од МВР, а не од Собранието. Бев повикан на телефон од претседателката на Косово, гласот ѝ трепереше, ми рече дека децата плачат. Веднаш изреагирав затоа што сакав да помогнам и среќен сум затоа што успеав да спречам поголем инцидент – рече Гаши.
На новинарско прашање дали претседателот на Собрание има ингеренции да испраќа обезбедување да решава инциденти на аеродром, тој одговори дека во описот на работното место на претседателот на Собранието нема одржување брифинзи со новинари, но дека тој сепак одржува брифинзи.
Опозициската Левица му поднесе интерпеллација на Гаши за овој и уште некоку гагови што ги направи за само два месеца председателствување со парламентот. СДСМ како што изјави нејзиниот лидер Филипче деновиве ќе донесе став како ке гласа по интерпелацијата а владеаќката дуи односно нејзиниот лидер премиерот Мицковски кажа дека ке бидат против интерпелацијата оти според него Гаши одлично си ја врѓел работата и бил многу подобар собранииски спикер од Џафери. Опозициската ДУИ очекувано е да гласа за интерпелацијата а владеачката Знам сеуште се нема изјаснето.
Ново на Сител
-

Русија тврди дека Украина одбила прекин на огнот во Костјантинивка
-

Вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие, уапсени пет лица
-

Иран и Катар ја обновуваат поморската трговија по речиси петмесечна пауза
-

Поради активност на вулканот Етна суспендиран авионскиот сообраќај на Сицилија
-

Ѓорѓиевски: Пожарот кај „Рампа“ е ставен под контрола - длабок поклон за брзата реакција на пожарникарите
-

Големиот пожар во близина на Солун ставен под контрола – уапсено едно лице
-

Мицкоски: Зголемување до 2,5 денари за дизелот и околу денар за бензините - повторно остануваме држава со најниски цени
-

Бруклинскиот мост се запали за време на прославата на Денот на независноста
