Гаши рапува за невозвратена љубов со неговиот бенд „Празни џебови“ | ВИДЕО
Додека бев млад бев основач на музичка група која се викаше „Празни џебови“, а кога еден новинар ме праша што очекувам од музички аспект, јас реков дека само знам дека името на групата нема да се смени. Ова вчера го изјави лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, по официјализирањето на договорот со премиерот Зоран Заев за влез во владата.
Тој посочи дека исто како и во музичките води, така и во политиката, не влегува од лукративен интерес.
– Додека бев млад бев основач на музичка група која се викаше „Празни џебови“ и во тоа време во едно интервју на прашање од новинар што очекувате од музички аспект, реков не знам што, само знам дека името на групата нема да се смени. Така што, ниту јас, ниту повисоките експоненти од мојата партија, не сме во политиката за да ги наполниме џебовите и целосно се одважуваме и се дистанцираме од еден ваков вокабулар – рече Гаши.
Неговиот рап-бенд во далечната 1995 година настапил со рап песна на албанскиот музички фестивал „Нота фест“, а токму Гаши видеото од овој настап одамна го сподели на социјалните мрежи. Во песната тој рапува за љубовта и за тагата поради невозвратената љубов, а на својата љубена тој ѝ порачува дека може да умре за неа.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација