Гаши од Каиро: Борбата против дискриминацијата е заштита на човечкото достоинство

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше како главен говорник на Втората меѓународна конференција за борба против дискриминацијата, организирана во Каиро од страна на Генералниот секретаријат на Лигата на арапските држави, во соработка со ICESCO (Исламска светска образовна, научна и културна организација).
На конференцијата, како што соопшти собраниската прес-служба, присуствуваа претставници на парламенти и влади, меѓународни организации, академици и верски лидери, кои дискутираа за улогата на муслиманските заедници на Запад, промовирањето на толеранцијата, меѓурелигискиот дијалог, заштитата на човековите права, борбата против говорот на омраза и градењето култура на мир.
Во своето обраќање, Гаши истакна дека Република Северна Македонија претставува пример за меѓурелигиски и мултиетнички соживот, нагласувајќи дека различноста е богатство и важен темел за развој на демократско и инклузивно општество.
Тој порача дека борбата против секоја форма на дискриминација не претставува само заштита на една заедница, туку и заштита на човечкото достоинство, еднаквоста, слободата на совеста и почитувањето на различностите. Притоа ја нагласи улогата на парламентите и институциите во зајакнувањето на дијалогот, заштитата на основните права и промовирањето на културата на меѓусебно почитување.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
-

Почина Доли Партон
-

Канада воведува нови царини за американските производи, трговската војна се заканува да ги погоди и Американците
-

Акција за отстранување хаварисани возила во општина Карпош
-

Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
-

ЦУК: Осум активни пожари, еден под контрола, а 14 се изгаснати
-

Федерер не планира враќање на тенисот
-

„ОпенАИ“ откри разгранета мрежа за влијание што ги прикривала руските траги
