Гаши: 12 април ќе биде добар ден за сите
![]()
На 12 април ќе имаме избори и тоа ќе да биде добар ден за сите, кога ќе изгрее ново сонце, особено кај Албанците, изјави лидерот на Алтернатива Африм Гаши по лидерската средба што се одржа вечерва во вилата „Водно“ на иницијатива на претседателот Стево Пендаровски.
– Ќе треба да ги има долгоочекуваните промени и мислам дека тоа ќе биде добро за сите граѓани на државата, истакна Гаши.
Тој нагласи дека меѓу учесниците на лидерската средба немало никаква дилема дека патот по кој треба да оди земјата е залагањето за европски вредности и нив имплементација кај нас.
Гаши истакна дека партиските лидери принципиелно оцениле дека е многу важно сегашниот состав на Парламент да го ратификува и Протоколот за полноправно членство на земјата во НАТО, по што ќе треба да имаме 100 дена техничка влада.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски - коалиција „Сите за правично судење“
-

Утре Брвеница бира нов градоначалник
-

Македонската Народна банка ги следи ризиците откако српската „АЛТА банка“ остана без дозвола за работа
-

Три случаи на морбили во Македонија - опасност од ширење на локално ниво
-

Охрид една од најбараните локации за купување станови
-

Собирен центар за текстилен отпад во Штип
-

По 19 пат „Фестивал на костенот“ во М. Брод
-

Само 8% од ромките се вработени, економска зависност и насилство
