„Гардијан“: Преодниот период за Брегзит веројатно ќе биде скратен на 20 месеци

Европската унија веројатно ќе и предложи на британската премиерка Тереза Меј преоден период по Брегзит од само 20 месеци, пишува британскиот весник „Гардијан“, повикувајќи се на високи дипломатски извори во Брисел.
Во говор во Фиренца кон кајот на септември, Меј официјално побара преоден период од „околу две години“ за ублажување на последиците од излезот на Велика Британија од ЕУ во март 2019 година, во кој Обединетото Кралство би останало во единствениот европски пазар и царинската унија.
Ирската Влада отворено повика за подолг период - до пет години, за да можат компаниите да се подготват за промените во царинските процедури. Тој предлог е поддржан од мнозинството во Велика Британија.
Високи дипломати во ЕУ сепак сметаат дека најверојатно евентуалниот договор за излез ќе предвидува Велика Британија да излезе од правните структури на заедницата на 31 декември 2020 година.
Засега не се донесени никакви одлуки за прашањето, а останатите 27 членки на ЕУ се уште официјално не ги разгледале условите за евентуален преоден период. Тие на крајот од средбата на Европскиот совет минатиот петок само се договорија да го сторат тоа.
Ново на Сител
-

ЦУК: Граѓаните да не патуваат кон тетовско Бањиче поради свлечиште
-

Трамп: „Секогаш ќе бидеме тука за НАТО, дури и ако тие нема да бидат тука за нас“
-

Вучиќ најави вонредни избори во октомври, ноември или декември
-

ЦУК: Поради поплави се евакуираат жители на дел од Кичево, одрони на патните правци Гостивар–Стража и Тетово–Бањиче
-

Божикната вечер ќе биде дождлива, а на планините ќе паѓа снег
-

Нападната 52-годишна жена во Аеродром
-

Приведен 36-годишник, физички ја нападнал неговата партнерка
-

Снегот предизвика блокади, прекини и застои во сообраќајот во Белгија и Холандија
