„Гардијан“: На Европа во 2017 година може да и се случи „политичка апокалипса“

Влијателниот дневен весник „Гардијан“ пишува дека во 2017 година на Европа може да и се случи „политичка апокалипса“, потенцирајќи дека под тоа ја земa предвид можноста дека во ЕУ може да дојде до пропаѓање на владејачката елита, последователно од нови терористички напади и нов миграциски бран.
Весниот оценува дека тие причини Европската унија ќе ја доведат до криза што Брисел тешко ќе ја надмине.
Почетокот на „апокалиптичкото сценарио“ „Гардијан“ го опишува вака: специјалните служби на земјите на ЕУ кон почетокот на 2017 година повторно ќе „преспијат“ голем терористички напад во некој од главните градови во ЕУ, а со тоа дополнително ќе се зголеми чувството на беспомошност што прво ќе го искористи холандскиот десничар Герт Вилдерс, чија партија со голема веројатност ќе ја добие победата на парламентарните избори во март.
Потоа ќе следи криза во односите меѓу ЕУ и Турција која ќе се заврши со „отворање на портите“ за мигрантите и бегалците кон ЕУ и Западот, а тоа, предупредува британскиот весник, може радикално да го промени политичкиот пејзаж на Унијата, бидејќи во ЕУ ќе тргнат три милиони бегалци токму пред „пресудните избори“ во Франција и Италија, а со тоа само ќе се зајакнат позициите на противниците на Унијата.
Доколку три милиони бегалци навистина тргнат кон ЕУ - во Франција, Италија и Германија на власт можат да дојдат евроскептици, а Марин ле Пен веќе објави дека ако стане претседател на државата, ќе распише референдум за излез на Франција од ЕУ.
Холандија најверојатно ќе тргне по истиот пат, а во Италија движењето Пет ѕвезди ќе започне со референдум за враќање на лирата.
Ќе биде добро ако ова не се случи, но тешко дека Европа ќе избегне потреси. Над неа „дуваат ветрови“ на промена и ќе биде чудо ако не гледаме како „паѓаат“ нови жртви од редовите на политичката елита на ЕУ, заклучува „Гардијан“.
Ново на Сител
-

Официјално: Искра Хаџи Василева победи на денешните избори
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
