Гардијан: Коронавирусот може да засегне 60 отсто од светската популација

Доколку коронавирусот не се стави под контрола, би можел да зафати две третини од светската популација, изјави за „Гардијан“ професорот Габриел Леунг, водечки епидемиолог од Хонг Конг.
Весникот посочува дека повеќето експерти веруваат дека една личност може да го пренесе вирусот на околу 2,5 други лица. Со тоа, „стапката на напад“ би изнесувала 60-80 отсто.
Предупредувањето од епидемиологот од Хонг Конг доаѓа откако шефот на Светската здравствена организација изјави дека неодамнешните случаи на коронавирус кај пациенти кои никогаш не биле во Кина, е само мал дека од многу поголемиот проблем.
Леунг, кој е шеф на катедрата за јавно здравје на Универзитетот во Хонг Конг, вели дека 60 отсто на заразени е огромна бројка. Дури и во услови на смртност од само еден отсто, бројот на смртни случаи од толкав процент на заболени би бил исклучително голем.
Леунг отпатува во Женева, на средбата на СЗО посветена на коронавирусот. Таму, повеќе од 400 експерти ќе разговараат за сузбивање на коронавирусот, од кој досега починаа над 1000 луѓе.
Ново на Сител
-

Прв академски час на УКИМ - почнува студиската 2026/2027 година
-

Најладно во Берово, утрово измерени -2 степена
-

Нетанјаху го нарече „херој“ пилотот по нападот во кокпитот на „Флај Дубаи“
-

Почнува зимското работно време на паркизите на ЈП Градски паркинг - Скопје
-

Трамп: Војната ќе заврши многу брзо, САД имаат целосна контрола врз Ормуз
-

Илон Маск влегува во Пентагон: Ќе ја креира иднината на војувањето
-

Ведро и студено утро и сончево преку денот
-

МВР: Во тек е полициска акција во повеќе градови во државата за сузбивање трговија со дрога
