Свет
15. јуни 2017 - 18:43

„Гардиан“ и „Обзервер“ од следната година преминуваат во формат на таблоиди

Британскиот дневен весник „Гардиан“ на почетокот на следната година ќе премине на формат на таблоид во рамки на пошироката програма за транформација, објави неговиот издавач „Гардиан медиа груп“.

Како што соопшти оваа медиумска групација, и неделното издание на „Обзервер“, исто така, ќе биде зафатено со промени, пренесе Хина.

Агенциите наведуваат дека двата весника го напуштаат средниот, берлински формат во боја, што беше прифатен во 2005 година, кога се откажаа од големиот формат со вложување на 80 милиони фунти (90 милиони евра).

Меѓу најважните британски весници само „Фајненшел тајмс“ и „Дејли телеграф“ и натаму излегуваат во голем формат, а сите други преминаа на форматот на таблоиди, вклучувајќи го и „Тајмс“.