Гаранциите обезбедени, Заев доби мандат за формирање Влада
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска му го врачи мандатот за состав на Влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Мандатот за формирање Влада е доделен откако се остратенети пречките односно се обезбедени гаранциите што ги бараше шефот на државата за зачувување на унитарноста на државата и почитување на Уставот.
- Пречките за состав на Владата се отстранети. Денеска пристапуваме кон исполнување на член од Уставот за определување на мандатар за состав на Владата, рече во краткото обраќање претседателот Иванов.
Зоран Заев се заблагодари и посочи дека се остранети двете пречки за доделување на мандатот, односно претседателот на Собранието Талат Џафери испрати писмо до претседателот Иванов за формираното парламентарно мнозинство, а тој како манадатар испорачал изјава во форма на гаранција.
- Во име на формираното парламентарно мнозинство прво гарантираме заштита на унитаарноста, сувернитетот територијатниот интегритет, независноста и мултиетничкност, заштита на уставниот поредок и на државните интереси и унарпедување на животот на сите граѓани без оглед на религиска етничка и јазичка припадност, почитување на основните демократски принциипи и владеење на правото не доведувајќи ја Македонија во состојба на потчинетост, истакна Заев.
Новиот мандатар Зоран Заев, според Уставот, во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието треба да му поднесе програма и да го предложи составот на Владата. Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
Актуелното парламентарно мнозинство во 120-членото Собрание на Македонија има поддршка од 67 пратеници на коалицијата предводена од СДСМ, ДУИ, БЕСА и Алијансата на Албанците.
Ново на Сител
-
42 годишна мајка ја подведувала малолетната ќерка на проституција во Свети Николе
-
МВР набави нова машина за печатење лични документи која тројно ќе го зголеми капацитетот
-
Мицкоски: Очекувам добар резултат од преговорите со банките за унгарскиот кредит наменет за компаниите
-
Мицкоски: Потенцијална инвестиција од една милијарда евра во когенеративна гасна постројка
-
Продолжување на судењето на Урош Блажиќ за масовното убиство во Дубона и Малo Орашје
-
Кривична за помошник министер во Центарот за обука - Оштетен буџетот на МВР за 189.777 денари
-
Љутков: Работни групи работат на случајот со Универзалната сала
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје