-->
-->
Галатасарај останува без европски настапи
-->
Турскиот фудбалски гигант Галатасарај и официјално претстојната натпреварувачка сезона нема да настапува на европската сцена.
Судот за спортска арбитража во Лозана ја одби жалбата на Галатасарај, по изречената суспензија од УЕФА за настап во евро-куповите, а поради прекршување на финансискиот фер-плеј и направен долг од 165 милиони евра.
Галатасарј изминатата сезона го освои турскиот Куп, со што обезбеди место во Лига Европа, но претходно УЕФА изрече суспензија, наложувајќи им на раководните луѓе да водат сметка околу платите на сите вработени во клубот.
Во соопштението на Судот за спортска арбитража меѓу другото се потврдува дека, УЕФА постапила според сите закони и прописи.
Галатасарај е трет тим од Турција, кој заработува суспензија, откако претходно со иста мерка се соочија Бурсаспор и Бешикташ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста