Габриел: Главен услов за членство на Србија во ЕУ е прифаќање на независноста на Косово
Србија мора да ја прифати независноста на Косово доколку сака да се приклучи кон Европската унија, изјави синоќа во Приштина шефот на германската дипломатија Зигмар Габриел.
- Доколку Србија сака да напредува кон ЕУ, примарен услов е владеењето на правото, но природно, и прифаќање на независноста на Косово. Тоа е главен услов на патот кон ЕУ, изјави Габриел на заедничката прес-конференција со косовскиот премиер Рамуш Харадинај.
Тој дополни дека истото веќе им го соопштил и на властите во Белград.
Габриел истакна дека Германија ќе му помогне на Косово за да го признаат уште пет земји-членки на ЕУ, кои тоа досега не го направиле - Шпанија, Романија, Кипар, Грција и Словачка.
- Природно, да се обезбеди членство во ЕУ е крајната цел. Еден од условите за тоа ќе биде да се убедат петте држави кои не го признаа Косово дека таквото признавање има смисла, бидејќи Косово никогаш веќе нема да биде дел од Србија, истакна Габриел.
Германскиот министер потенцираше дека „членството во ЕУ е ситуација која е победничка за сите“.
Ново на Сител
-
Трамп и Харис имаат завршни митинзи денеска во Аризона и Невада
-
МП: Новиот Кривичен законик е завршен и доставен на мислење до ЕК
-
Приведен тинејџер во Скопје - со уште едно лице украле сеф и избегале со мотоцикл
-
Потврден нов случај на Птичји грип
-
Мицкоски: Од ДУИ ми пишуваа дека пола од тоа што го има ВЛЕН е доволно за да влезат во Влада
-
Мицкоски до Филипче: Вие коленичевте и ја распродававте Македонија, ние се бориме да ја извадиме на прав пат
-
Мицкоски за назначувањето на директор на АНБ: Националната безбедност не заслужува да биде тема во јавноста
-
Филипче до Мицкоски: Вашиот ’рбет се свитка, а вашите принципи паднаа